Здружението Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) објавува повик за двајца (2) експерти/обучувачи за потребите на проектот „Рамноправноста низ призма на статистиката“.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку програмата за грантови „Поддршка на граѓанското општество“, во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2021. Проектот е спроведуван од Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и Опција за здрав живот Скопје (ХОПС).
Краен рок на доставување на понудите е 14 дена од објавување на повикот, но не подоцна од 01.07.2025, 16:00 часот.