Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, за потребите на своето канцелариско работење, ќе склучи рамковен договор за набавка на потрошен канцелариски материјал и прибор.
Набавката се прави согласно потребите на организацијата за секојдневното канцелариско работење во период од следните 2 (две) години. Набавените материјали ќе се плаќаат по доставување на испратница и фактура од избраниот добавувач.
Бараните материјали и прибор се дадени во прилог во табелата. Истите ќе се испорачуваат сукцесивно во период од две години. Материјалите и количините ќе зависат од потребите на организацијата и согласно проектите кои ќе се спроведуваат. За проектите кои се ослободени од данок на додадена вредност (ДДВ), АДИ до добавувачот ќе му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник. Добавувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.