КОНКУРС

logofinal

Гостивар, 21 декември 2015

Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар, објавува

КОНКУРС

за ангажирање 1 (едно) лице за реализација на проектни активности за следнава позиција:

  1. Проектен менаџер (Проект: Граѓанско општество во акција за еднаквост!) -ангажман: 18 месеци.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

  • Државјани на Република Македонија;
  • Активно познавање на англиски јазик (говор и пишување);
  • Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet);
  • Способност и вештини за индивидуална и тимска работа;
  • Динамична, амбициозна и самоиницијативна личност со одлични комуникациски вештини.

Посебни услови:

  • Завршено најмалку високо образование во областа на општествените науки;
  • Основно познавање на моменталниот правен и политички развој во сферата на недискриминацијата и еднаквиот третман;
  • Претходно искуство/ангажман во спроведување на проекти ќе се смета за предност

Потребни документи за пријавување:

1.Кратка биографија (CV), со фотографија и со податоци за контакт;

  1. Мотивациско писмо (кандидатите треба да ги образложат своите причини / мотиви за пријавување, максимум на една страница);
  2. Доказ за завршено високо образование (фотокопија);
  3. Други материјали кои сметате дека ќе придонесат за подобра оцена на пријавата (на пр., препораки од претходни работни ангажмани).

Документите за пријавување (на англиски јазик) и доказите за исполнување на горенаведените услови кандидатите треба да ги достават по пошта или по е-маил.

Пријавувањето по пошта е на следната адреса:

Асоцијација за демократска иницијатива со назнака: За конкурс,  бул. Браќа Ѓиноски 61, 1230 Гостивар

Пријавувањето по е-маил е на следната адреса:

adi@adi.org.mk

Конкурсот трае до 28 декември (понеделник) 2015 година. За изборот ќе бидат известени само кандидатите што ќе бидат повикани на интервју. Пријавите за конкурсот нема да им бидат вратени на кандидатите.

АДИ е организација посветена кон различноста и вклученоста и оттука ја охрабрува номинацијата на квалификувани кандидати без оглед на родовата, етничката, религиозната или социјалната припадност.