АДИ спроведува кампања “Различноста е во мода“

Во тек е информативна кампања под мотото “Различноста е во мода“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за важноста на соживотот и да го истакне придонесот на луѓето од различно културно, етничко и јазично потекло во развојот на мултикултурните вредности.

Покрај промотивните материјали, беше подготвен и ТВ спот кој се емитува на националните и локалните телевизии.
Кампањата е дел од проектот “Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво“. Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.