Асоцијацијата за демократска иницијатива и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, подготвија Прирачник за млади за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целта на овој прирачник е да ги информира младите за основните цели и придобивки од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК), но и да ги упати како да го остварат правото на пристап до информации од јавен карактер. Прирачникот на едноставен начин ги претставува клучните прашања од Законот и го води читателот чекор по чекор низ процесите кои ги регулира.

Прирачникот е достапен на следниот линк: