Дигитализација и е-услуги во општините

Функционалната анализа се реализира како дел од проектот ,,Локална дигитална Агенда” реализиран од страна на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), со финансиска подршка од Министерството за политички систем и односи меѓу заединиците. Целта на анализата е да се оцени степенот на дигитализација и примена на дигитални решенија и алатки од страна на локалната администрација во комуникација со локалното население, воедно и едукација и подигување на свеста кај граѓаните за дигитализација на јавните услуги и придобивките од нивното користење. Исто така во рамки на ова анализа ќе се дадат конкретни предлози за институционална дигитална активност. Функционалната анализа настојува да даде одговор за тековната состојба со дигитализацијата на целните општини и на три институции кои се под надлежност на општините.