Работен состанок

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во рамките на  проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси помеѓу етничките заедници во полошкиот и пелагонискиот регион“   на 12.04.2016г. во Прилеп се одржа работен состанок со претставници на општински совети, членови на комисиите за еднкави можности меѓу мажите и жените и комисиите за односи меѓу заедниците, граѓански здруженија од општините Прилеп и Гостивар. На 13.04.2016г. се реализира ваков состанок и во Тетово со претставници од Битола и Тетово.

Целта на овие состаноци е презентација на наодите од Компаративната анализа: Состојбата со дискриминацијата во полошкиот и пелагонискиот регион, размена на искуства како и разгледување на можности за проактиовно делување на носителите на одлуки на локално ниво во сузбивањето на дискриминацијата.

Генерално, учесниците на двата состаноци препорача подобрување на соработката со Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител на Р.Македонија и граѓанските организација за прашања од (анти) дискриминација, јакнење на капацитети за препознавање и реагирање по сите основи на дискриминација, промоција на концептот на еднаквост и не-дискриминација. Учесниците исто така ја разгледуваа и можноста за формирање на локални комисии за заштита од дискриминација.

Проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локалните ресурси меѓу етничките заедници“ го реализира Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во партнерство со Младински културен центар – Битола  и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_media_grid grid_id=”vc_gid:1460640422187-c18a57cf-1346-6″ include=”593,592,591,590,589,588,587,586,585,582″][/vc_column][/vc_row]