Панел дискусија: Идејата за еднаквост, мит или реалност?!

[vc_row][vc_column][vc_single_image image=”650″ img_size=”full”][vc_column_text]На 19.05.2016 година (четврток) во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа Панел дискусија, завршна активност од проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси меѓу етничките заедници во полошкиот и пелагонискиот регион“

Лулзим Хазири, Извршен директор на АДИ ги претстави активностите на проектот, истакнувајќи ги клучните резултати кои беа во насока на јакнење на влијанието на локалните граѓански организации во застапувањето на идејата за еднаквост во општините Гостивар, Тетово, Битола и Прилеп.

Беким Кадриу, експерт во полето на недискриминацијата, презентираќи ја анализата: „Состојбата со дискриминација во Полошкиот и Пелагонискиот регион“, направи споредба на резултатите добиени од истражувањето помеѓу градовите Гостивар и Тетово, како репрезенти на полошкиот регион и Битола и Прилеп, како репрезенти на Пелагонискиот регион.

Александар Кржаловски, Прв извршен директор на МЦМС, се осврна на улогата на граѓанскиот сектор од Македонија во борбата против дискриминацијата акцентирајќи го придонесот на ГО во подготовката на Законот за Спречување и заштита од дискриминација. Анти-дискриминативните политики во домашното општество се уште се нов концепт кој бара доста ангажман во неговото практично имплементирање и доближување до свеста на граѓаните.

Јасна Аранѓеловиќ Оровчанец, раководител во Македонското здружение на млади правници, ги информира присутните за досегашните судски разрешници по предмети од областа на дискриминацијата, а се однесуваат по основ личен статус, мобинг на работно место како и пристапност до институции на лица со телесен хендикеп. Таа додаде дека жените, ромското население и ЛГБТ заедницата се уште претставуваат најранливите групи кои се соочуваат на дискриминација.

Дискусијата на учесниците продолжи во насока на предлози за унапредување на надлежностите на локалните комисии за односи меѓу заедниците, комисиите за родова еднаквост и интензивирање на нивната активност и видливост; Инклузивно делување на надлежните во интеграцијата на ранливите групи; Примена на концептот на родово сензитивно буџетирање на локално ниво; Подигање на свеста на населението во препознавањето и реагирањето при случаи на дискриминација преку користење на достапните правни средства и алатки.

Проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси меѓу етничките заедници во полошкиот и пелагонискиот регион“ го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијативи во партнерство со Младинскиот културен центар – Битола, а е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество- Македонија.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_media_grid grid_id=”vc_gid:1463750421029-d36b4777-eeed-7″ include=”650,649,648,647,645,643,641,640″][/vc_column][/vc_row]