Доделени девет (9) грантови на локални граѓански организации, во рамки на проектот ,,Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво!“, кој го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар, во партнерство со Мултиетничката асоцијација Флоренс Најтингел (ФН) и “Стопанската комора на Северозападна Македонија“

Граѓанските организации во следните 6 месеци ќе спроведуваат акции кои имаат за цел да ги подобрат меѓуетничките односи во девет мултиетнички општини. Во Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Кичево, Тетово, Куманово, Маврово и Ростуше и Струга, грантистите ќе работат на имплементација на активности опфатени во локалните стратегии за подобрување на мултикултурниот дијалог.  Организациите своите ресури ќе ги насочат кон поддршка на Комисиите за односи меѓу заедниците, подобрување на меѓуетничкиот дијалог помеѓу младите како и јакнење на интерсекторската и интеринституционалната соработка во насока на креирање одржлива мултикултурна демократија.

Извршниот директор на АДИ г-дин Лулзим Хазири  на промоцијата на деветте грантисти изјави дека акциите ќе придонесат кон развој на локалната мултикултурна демократија и унапреден меѓуетнички дијалог. Проектот се имплементира од 2016 година и до сега се реализирани бројни активности кои се во насока на остварување на целите на самиот проект, односно унапредување на меѓуетничките односи. Последниот продукт на проектот е „Рамка за мултикултурно планирање “ која има за цел вклучување на мултикултурните вредности и принципи во планирањето и подготовката на политиките и програмите на институциите и организациите при делувањето во мултикултурна средина.

Проектот ,,Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво!“ финансиски е поддржан од Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.