ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ – Консултантски услуги во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество

Здружението Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) објавува повик за консултантски услуги – проценка на ранливи области подложни на корупција, за потребите на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 Понудата треба да ги содржи следните елементи:

  • Тековна состојба на консултантот (правен субјект) не постара од 6 месеци;
  • Прилог 1. Образец за преглед на реализирани услуги во последните 3 години;
  • Прилог 2. Предлог методологија на работа;
  • Прилог 3. Образец за финансиска понуда;
  • Прилог 4. Кратка биографија на клучниот експерт (претставена на некој од општо прифатените обрасци);
  • Прилог 5: Најмалку три препораки од слични работни ангажмани на консултантот (правен субјект).

 Изборот на консултантот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.

  Понудата се доставува по електронски пат, целокупната скенирана докуменација се доставува на следната е-пошта: katica@adi.org.mk Во насловот наведете го : “Повик Реф. Бр. 0503-834″.

Краен рок на доставување на понудите е 10 дена од објавување на повикот, но не подоцна од 29.05.2020 година до 16:00 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Јавен повик за доставување понуди

Опис на надлежности

Прилог 1. Образец за преглед на реализирани услуги

Прилог 2. Предлог методологија на работа

Прилог 3. Образец за финансиска понуда