АНАЛИЗА НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ СОЖИВОТ НА ЛОКАЛНО НИВО: ИНДЕКС НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ

Целта на овој извештај е да ги презентира резултатите од истражувањето на степенот на развиеност на односите меѓу различните етнички заедници во четири општини поддржани и поттикнати од страна на локалните власти. Во рамки на истражувањето беше направен обид да се конструира т.н. индекс на меѓуетнички соживот, како методолошка алатка чија применливост ќе го надминува примерокот на ова истражување и ќе овозможи широка апликабилност за анализа на односите меѓу различните заедници на локално ниво во земјата и нивно следење низ подолг временски период. Истражувањето е реализирано во рамки на проектот Локални мрежи за мултикултурализам, кој го имплементира Асоцијацијата за демократски иницијативи, а е поддржан од програмата Цивикамобилитас.
Општините опфатени со ова истражување се: Тетово, Брвеница, Гостивар и Врапчиште.
Резултатите кои се презентирани во поглавјата што следат ги анализираат односите меѓу заедниците во период од една година. Имено, идејата зад формулирањето на оваа методолошка алатка – индекс на мултикултурализмот е да се овозможи следење на динамиката на овие односи низ подолг временски период, но и да овозможи споредба меѓу општините врз основа на објективни критериуми.

Тука можете да ја најдете целата анализа.