Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Асоцијацијата за демократска иницијатива, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество подготвија Водич за назначување службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Целта на овој Водич е да им помогне на одговорните и раководни лица кај имателите на информации при определувањето на службени лица за посредување со информации и прецизирање на нивните обврски во насока на правилна примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Водичот содржи и вкупно девет обрасци, т.е модели кои им се од голема важност на имателите на информациите, како и на службените лица, а со цел унифицирано и ефикасно постапување по поднесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, вклучително со внатрешната комуникација помеѓу службените лица и другите вработени кај имателите на информации.

Водичот е достапен на следнииот линк: