АДИ СТАРТУВА СО НОВ ПРОЕКТ

Извршниот директор на Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ), Лулзим Хазири, потпиша договор со Чешкиот Амбасадор, Н.Е. Мирослав Томан, за имплементирање на проект наменет за зајакнување на капацитетите на младите и претставниците на граѓанските организации и медиуми во практикувањето на правото на слободен пристап до информации. Проектот „Имаш право на соодветна информација“ во партнерство со граѓанската организација “Човекот пред се’” ќе се реализира во општините Гостивар, Тетово и Карпош во следните 8 месеци, а е поддржан од Амбасадата на Република Чешка во Скопје.