Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија Н.Е. Семуел Жбогар и градоначалникот на општина Гостивар Др. Арбен Таравари во работна посета на Асоцијација за демократска инцијатива

Во рамките на работната средба Амбасадорот и Градоначалникот остварија средба со тимот на проектот „Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво“ со цел одблиску да се запознаат со целите, постигнатите резултати и идните активности на проектот. На средбата свои искуства од проектот споделија и претставниците на локалната самоуправа на Куманово г-дин. Цоки Ристовски и г-дин. Бари Ебиби од општина Врапчиште.
Проектот „Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво“ се реализира од 2016 година во девет опшитини и ќе заврши во октомври 2018 година. До сега во проектните активности беа вклучени повеќе од 450 граѓани – претставници на локалната самуправа, локалните институции и граѓанските организации од сите девет општини. Проектот поддржа подготовка на три локални стратегии за подобрување на мултикултурниот дијалог во општините Струга, Маврово и Ростуше и Куманово, а во следниот период девет локални граѓански организации ќе спроведуваат мултикултурни активности.
Алберт Мулсиу првиот извршен директор на АДИ истакна дека проектот има за цел да ја зајакне мултикултурната демократија на локално ниво, но и да биде поттик за национално делување и промовирање на вредностите на мултикултурализмот како фундаментална карактеристика на државата.
Проектот ,,Различноста е во мода – промоција на мултикултурализмот на локално ниво!“ се реализира од Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар во соработка со “Стопанската комора на северо-западна Македонија“ и Мултиетничкото здружение Флоренс Најтингејл (ФН) а финансиски е поддржан од Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.