Во Градец пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост

Изградбата на дневниот центар за лица со попреченост ја отслика потребата на пошироката заедница и консултативниот процес што Општината го спроведе со граѓаните околу приоритетните социјални проблеми за решавање.

Врапчиште е првата рурална општина во земјава каде се отвора Дневен центар од ваков тип. Преку установата, за лицата со физички, интелектуални или комбинирани попречености ќе се обезбеди сеопфатна грижа, задоволување на нивните потреби за учење, социјализација и организирање на нивното слободно време.

Овој проект се реализира во партнерство помеѓу АДИ и Општина Врапчиште, преку проектот „Интегрирана и инклузивна општина Врапчиште – За сите!”, кој се спроведува во рамки на ИПА II Годишна Програма за Република Северна Македонија за 2020 – ЕУ за општините.