Гостивар доби нова уредена пешачка патека – Бајрак Тепе

Гостиварци добија ново уредено место за прошетка и рекреација. На пригоден настан и со рекреативно пешачење во група на планинари, граѓани и ученици, беше промовирана новоуредената пешачка патека Бајрак Тепе во должина од 3 километри. Присутните имаа можност да уживаат во природата и да се запознаат со карактеристиките на патеката.

Во изминатите неколку месеци се работеше на сондажа, уредување, чистење и маркирање како и поставување на соодветна сигнализација – патокази и инфо – табли на планински и велоспипедски патеки. Во рамки на проектот беа уредени 4 планински патеки во должина од околу 40 км и 5 велосипедски патеки во должина од околу 160 км.

Проектот е поддржан од РЕЛОАД 2 програмата на УНДП и Општина Гостивар, во соработка со Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ).